Јехуда Амихај
Тагата и радоста се менуваат
како вода,пареа и мраз.
тагата и радоста се од иста градба.
Ние го знаевме тоа.
Љубовта и не-љубовта,две бои
во една роза од прекрасен вид.
Достигнување на одгледувачот на рози
чие име останало во розата.
Постапивме спротивно од приказната за изгон од рајот.
Се љубевме меѓу трње и боцки од жал и среќа.
По многу години повторно се сретнавме.
Без болка,секој со сопствената смиреност.
Тоа некогаш беше рај, но тоа беше и пекол.
No comments:
Post a Comment