Awaiting spring

Awaiting spring
Spring

Friday, November 12, 2010

Што се однесува до светот

Што се однесува до светот
Јехуда Амихај

Што се однесува до светот
јас секогаш сум Сократов ученик: одам крај него,
слушам за неговото време и неговите истории
и ми преостанува само да речам:Да,навистина,така е.
И овој пат си во право.
Навистина,точни се зборовите твои.

Што се однесува до мојот живот
јас секогаш сум-Венеција:
се што се улиците во другите.
Во мене се- потоци мрачна љубов.

Што се однесува до крикот,што се однесува до тишината,
јас секогаш сум шофер:
Цела година собирам една негова свирка
За страшни денови.

Што се однесува до делата, јас секогаш сум Каин.
Скитник пред делото кое нема да го сторам,
или после делото,
кое е неповратно.

Што се однесува до твојата дланка,
што се однесува до знаците на моето срце,
плановите на моето месо,
што се однесува до она што е напишано на ѕидот,
јас сеуште сум незнајко:нема да знам
да читам и пишувам,
а мојата глава е како глава на пиреј,
која знае да шепоти и да се ниша на ветрот
кога минува судбината на мојот пат
во друго место.

No comments:

Post a Comment