Јехуда Амихај
Тоа беше последна средба.
не,тоа беше прва средба меѓу последните
како специјална серија поштенски марки.
Средбата знаеше дека е последна,а ние не знаевме.
Годините минуваат и брзо се вртат
како светлечка сирена на пожарникарска кола
како светилка која учела кај светилникот на брегот на морето
кој самиот учел кај Сонцето.
Ти, ќе го разбереш ова по неколку години.
No comments:
Post a Comment