Awaiting spring

Awaiting spring
Spring

Friday, November 12, 2010

Балада за долгата и кратката коса

Јехуда Амихај

Неговата коса беше истрижана кога дојде во касарната
нејзината коса остана долга и без одговор.
„Не те слушам во оваа се посилна врева„
Твојата долга коса девојко,твојата кратка коса.

Цело лето цвеќето вежбаше цветање
на трпеливата земја ,и собираше сила.
„Ти се вратив тебе.Но, станав поинаков„
Твојата долга коса девојко,твојата кратка коса.

Ветрот скрши стебло.
Имаа многу можности и малку време за одмор.
„Врне,брзо дојди си дома„.
Твојата долга коса девојко,твојата кратка коса.

Светот им беше како индиректен одговор,
не ги задевај.Полека почнаа да пеат.
„Го наместив часовникот.Кога се враќаш?„
Твојата долга коса девојко,твојата кратка коса.


Потоа молчеа како чекори кои се оддалечуваат.
Небото се отвори.Книгите на Законот се затворија.
„Што велиш?„
„А ти,што велиш?„
Твојата долга коса девојко,твојата кратка коса.

No comments:

Post a Comment