Awaiting spring

Awaiting spring
Spring

Friday, November 12, 2010

Шест поеми за Тамар

Шест поеми за Тамар

Јехуда Амихај (Yehuda Amichai)


1.
Дождот зборува тивко
Можеш сега да заспиеш.

До мојот кревет шушкаат крилјата на дневните весници
Не постојат други ангели.

Ќе станам рано и ќе го подмитам новиот ден
Да биде љубезен кон нас.

2.
Ти имаше смеа на грозје
Многу тркалести зелени насмевки.

Твоето тело е полно гуштери
Сите го љубат сонцето.

Во полето растеше цвеќе,трева никнеше на моите образи
Се беше возможно.

3.
Ти секогаш лежиш на
Моите очи.

Со секој ден од нашиот заеднички живот
Се брише ред во Еклезијаст*

Ние сме спасувачки докази во ужасен судски процес
Сите ќе ги ослободиме!

4.
Како вкус на крв во устата,
Пролетта падна врз нас-наеднаш.

Светот е буден вечерва
Лежи на грб,со отворени очи.

Српот на месечината ја следи линијата на твојот образ
Твоите гради ја следат линијата на мојот образ.

5.
Твоето срце игра криенка со крвта
Во твоите вени.

Твоите очи се сеуште топли,како кревети
Во кои спиело времето.

Твоите бедра се две слатки вчера
Ти доаѓам.

Сите сто и пеесет псалми
грмат алелуја.

6.
Моите очи сакаат да се прелеат едно во друго
Како две соседни езера.

За да си раскажат меѓусебе
Се што виделе.

Мојата крв има многу роднини
Никогаш не доаѓаат на гости.

Но кога ќе бидат мртви
Мојата крв ќе ги наследи.


*Еклезијаст(Кохелет) е книга од еврејската библија чија поента согласно Талмудот е дека се е бесмислено под Сонцето. Физичките задоволства треба да се игнорираат и да се насочат сите напори кон она што е над Сонцето.Сета е сумирана во последната строфа:„Крајот на материјата,се е слушнато.Плашете се од Бога,и држете се до неговите заповеди,затоа што тоа е целосна должност на сите„.

No comments:

Post a Comment