Awaiting spring

Awaiting spring
Spring

Thursday, November 25, 2010

Мексикански кекси


Потребно


1 слатка зелена пиперка

1 луто црвено пиперче

750 гр брашно

120 гр нишесте

2 чајни лажички прашок за печиво

1 чајна лажичка мелена црвена пиперка

40 грама пармезан

100 гр ементалер

2 јајца

125 гр масло од пченка

350 мл јогурт

300 гр конзервирана пченка

1 ч.л растително масло за мачкање на формите

1,5 ч.л сол


Слатката и лутата пиперка се чистат и се сецкаат на мали коцки.

Брашното се меша со нишестето , прашокот за печиво , солта и мелената црвена пиперка.

Пченката од конзерва добро се цеди.Настрана се матат двете јајца и се додава со мешање маслото ,јогуртот и пченката.

Смесата се додава во брашното и се замесува со наренданиот ементалер ,пармезанот и насецканите пиперчиња .

Рерната се загрева на 180 степени.Формите се премачкуваат со масло.Во нив се налева тестото со оставање 1,5 цм од работ на формата.

Се печат 20-25 минути.Се вадат од рерна и се оставаат да се изладат 10 минути.Се вадат од формите и се служат топли.



No comments:

Post a Comment