Awaiting spring

Awaiting spring
Spring

Thursday, December 15, 2011

Friday, October 21, 2011

НОВОГОДИШНИ ЧОРАПИ





DROPS Extra 0-722 by DROPS Design


Материјал: DROPS KARISMA SUPERWASH


100 гр црвена
100 гр темно сива
50 гр бела
50 гр светло сива


Се работи од ластикот кон стапалото во круг на игли со два краја.


Наметнете 52-52-56-64 котелци на игли со големина 3 мм со црвена боја.

Прв ред:Плетете во круг право со ребаста плетка (Право2/Kриво2).


Кога плетивото ќе биде високо 4-5-5-6 см .исплетете право еден круг, во исто време намалувајте 4-4-8-4 котелци еднакво низ плетивото за да добиете 48-48-48-60 котелци.

Променете ги иглите во игли со големина 3,5 мм.


Исплетете еден ред право со црвена волница и почнете да плетете по шемата M.1 (плетете по шемата гледајќи оддолу нагоре)на сите котелци .


Пета

Задржете ги првите12-12-13-15 котелци на игла, ставете ги следните 24-24-22-30 котелци на помошна игла (тоа е средината на горниот дел од ногата) и задржете ги последните 12-12-13-15 котелци на иглата .Вкупно на иглите имате 24-24-26-30 котелци за петата.


Плетете ред право ред криво (не во круг),да добиете права плетка од лицето на чорапот,со темно сива во висина 4,5-5-5,5-6 см.Поставете маркер.

Сега работете го собирањето на петата:


Ред1 (лице): Плетете право додека не останат 9-9-9-11котелци до крајот. Префрлете еден котелец без плетење, исплетете го наредниот па префрлете го на десната игла,заврти го плетивото.
Ред2 (опачина): Плетете криво додека не останат 9-9-9-11 котелци до крајот .Префрлете еден котелец без плетење, исплетете го наредниот па префрлете го на десната игла,заврти го плетивото.
Ред 3 (лице): Плетете право додека не останат 8-8-8-10 котелци до крајот. Префрлете еден котелец без плетење, исплететего наредниот па префрлете го на десната игла,заврти го плетивото.

Ред4(опачина): Плетете криво додека не останат 8-8-8-10 котелци до крајот .Префрлете еден котелец без плетење, исплетете го наредниот па префрлете го на десната игла,заврти го плетивото.
Продолжете вака додека не останат 8-8-10-10 котелци на иглата .


Стапало

Извлечете 10-10-12-10 котелци со темно сива од секоја страна од петата и ставете ги на игла 24-24-22-30 котелци од помошната игла. Имате 52-52-56-60 котелци.
Ставете маркер на секоја страна од вратените котелци на иглата 24-24-24-32 ( средината на горниот дел од ногата).
Продолжете да плетете во круг по шемата M2.Истовремено намалувајте на секоја страна пета (кај маркерите) ,како што следува: исплетете ги заедно првите 2 котелци по 24-24-24-32 котелци од плетивото на горниот дел на стапалото и исплетете ги заедно во задниот дел последните 2 котелци пред 24-24-24 -32 те котелци на горниот дел на стапалото.

Повторувајте го собирањето во секој втор круг вкупно на 4 пати.Имате 44-44-48-52 котелци.

Кога плетивото ќе биде долго приближно 16-18-20-22 cm од маркерот на петата (приближно ќе останат 4-4-4-5 см , по 3 круга со светло сива) плетете право еден круг во темно сива на сите котелци.

Прсти
Сега ставете маркер на секоја страна од 22-22-24-26 котелци( на горниот дел на стапалото и под него ).Продолжете да плетете право во круг во темно сива боја на сите котелци.

Истовремено намалувајте за прстите на секоја страна на двата маркери како што следува: Започнете 3 котелци пред маркерот: исплетете два котелци заедно,исплетете два котелци (маркерот се наоѓа помеѓу овие 2 котелци, плетете два котелци заедно однаопаку).

Повторувајте го собирањето во секој втор круг вкупно 3-3-3-4 пати, а потоа на секој круг вкупно на 6-6-7-7 пати че ви останат 8 котелци на иглите.Скинете ја волницата, извлечете ја низ преостанатите котелци со игла кукачка, затегнете и зацврстете.
Очите на секој од џуџињата извезете ги со црна волница или исплетете ги директно со темно сива во шемата- по желба.



=

црвена

=

Темно сива

=

Светло сива

=

бела