Awaiting spring

Awaiting spring
Spring

Friday, November 12, 2010

Во јаболкото

Јехуда Амихај

Ме посетуваш во јаболкото.
Заедно го слушаме ножот
како лупи околу нас,внимателно,
да не се прекине лушпата.

Ми зборуваш.Му верувам на твојот глас
бидејќи во него има грутки цврста болка
како што во вистинскиот мед
има грутки саќе од восок.

Ти ги допирам усните со прсти:
и тоа е пророчко движење.
Усните ти се црвени,како што изгореното поле е црно.
Сето ова е вистина.

Ме посетуваш во јаболкото,
ќе останеш со мене во јаболкото
се додека ножот не си заврши со своето.

No comments:

Post a Comment